БЕЗИСТЕНОТ ВО ШТИП ДОБИ НОЌНО ОСВЕТЛУВАЊЕ, ЌЕ СЕ ОСВЕТЛАТ И СААТ КУЛАТА, КАМЕНИК МОСТ И ИСАР

    БЕЗИСТЕНОТ ВО ШТИП ДОБИ НОЌНО ОСВЕТЛУВАЊЕ, ЌЕ СЕ ОСВЕТЛАТ И СААТ КУЛАТА, КАМЕНИК МОСТ И ИСАРБезистенот од 1960-тите години е Уметничка галерија за разни културни и уметнички настани. (Фото: СДК.МК)

    Светлосно е уреден Безистенот во Штип и има нов ноќен лик. Овој културно-историски објект од 16. века со својата архитектура се издвојува од останатите понови градби во центарот на Штипи одамна е значајно обележје на градот.

    Општина Штип најавува дека наскоро ќе се осветлат и други значајни културно-историски обележја, па вакво светлосно уредување ќе имаат Саат кулата, стариот Каменик мост на реката Брегалница кој датира од 1672 година и тврдината Исар.

    Безистенот е изграден од крајот на 16. век до почетокот на 18 век. Низ годините неколку пати е реставриран, како внатрешниот така и надвореншниот дел од објектот. Покривот и целата фасада на Безистенот се обложени со посебни камени плочки, а на места како заштита во минатото беа поставувани бакарни плочи за да го спречат атмосферското влијание. Но, пред десетина години токму бакарните плочи беа предмет на ноќни кражби, па осветлувањето на објектот денес ќе биде и во функција на негова поголема безбедност и заштита.

    Во минатите векови Безистенот служел како пазарно место и депо на вредни трговски производи, но од 1960-тите години овој историски објект е Уметничка галерија за ликовни изложби, а со оглед на извонредната природна внатрешна акустика се користи и за музички програми.

    Т. ЈОВАНОВСКИ 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира