БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ ОБРАСНАТИ СО ТРЕВА ОТКАКО ПРЕД ЕДЕН МЕСЕЦ СЕКНА ВОДАТА

    БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ ОБРАСНАТИ СО ТРЕВА ОТКАКО ПРЕД ЕДЕН МЕСЕЦ СЕКНА ВОДАТАВо овие есенски денови по правило поради недостаток на врнежи секнуваат Билјанини извори. Дотокот на вода од Галичица е драстично намален. - Пресушените Билјанини Извори (Фото: СДК.МК)

    Билјанини Извори во Охрид зараснаа во еден вид водена трева откако низ отворите не тече вода речиси еден месец. Овој вид на трева расте на места каде што има доволно влага, а ако водата не протече отворите на изворите може да бидат затворени со ова растение.

    Во овие есенски денови по правило поради недостаток на врнежи секнуваат Билјанини извори. Дотокот на вода од Галичица е драстично намален.

    Дел од капацитетот на базенот каде што се собира водата се користи за потребите на градскиот водовод, дел за базените во Хидробиолошкиот завод каде се одгледуваат рибен подмладок на пастрмка, а она што останува ги формира изворите кои се познати како Билјанини Извори.

    „Ние постапивме по препораките на локалната власт и ги исклучивме пумпите кои црпат вода од каптажата кај Билјанини Извори која се користи за водоснабдување. Тоа е најмногу што можеме да направиме“, велат од „Охридски водовод“.

    „Водовод“ ги исклучи пумпите на каптажата кај Билјанини Извори и поради обезбедување повеќе вода за Студенчишкиот канал кое е сега природно зимувалиште на познатата охридска плашица. Пред една недела во каналот се случи помор на оваа риба кога угинаа околу половинa тон плашица.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира