БИТОЛЧАНИТЕ БОЛНИ ОД РАК УШТЕ ЕДНА ГОДИНА ЌЕ ЧЕКААТ ЗА ЗРАЧНА ТЕРАПИЈА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БИТОЛЧАНИТЕ БОЛНИ ОД РАК УШТЕ ЕДНА ГОДИНА ЌЕ ЧЕКААТ ЗА ЗРАЧНА ТЕРАПИЈА

    Најмалку уште една година болните од рак во Битола нема да можат да добијат зрачна терапија. Министерот за здравство Никола Тодоров пред три и пол години најави дека пациентите оваа лекарска услуга ќе ја добијат до крајот на 2013 година, а денес при посетата на битолската болница рече дека ќе треба да се чека најмалку уште девет до 12 месеци.

    „Бункерот е завршен, акцелераторот е стигнат, во тек е набавка за инсталирање на акцелераторт и негово комисионирање. Ова е подолг процес , инсталацијата и комисионирањето понекогаш опфајќаат период од 9 до 12 месеци. Очекуваме во овој период тоа да заврши и онколошките болни кои здравствените услуги ги добиваа во Скопје ќе можат да бидат лекувани во Битола“, рече Тодоров.

    Министерот за здравство Никола Тодоров пред три и пол години најави дека пациентите од Битола ќе добијат зрачна терапија до крајот на 2013 година.

    Министерот за здравство Никола Тодоров пред три и пол години најави дека пациентите од Битола ќе добијат зрачна терапија до крајот на 2013 година.

    Додека да проработи Одделението за зрачна терапија, над 1.500 пациенти од југозападниот регион болни од малигни заболувања, мораат да патуваат на зрачење во Скопје. Во битолската клиничка болница изграден е објектот каде ќе биде сместено Одделението, набавен е акцелератор кој допрва треба да се инсталира, а недостига и симулатор.

    Пациентите се жалат дека се приморани да патуваат по три часа до Скопје за да ја добијат потребата зрачна терапија од само неколку минути.

    „Неопходно е што поскоро да проработи Службата за зрачна терапија. Прашуваме кога ќе биде тоа, а од болницата ни велат дека не знаат точно кога. Во меѓувреме патуваме во Скопје, се малтретираме по патишта по три саати, а зрачењето трае неколку минути. Тошоците за пат се на наша сметка, прашање е дали секој од болните има пари да го плати патот“, вели Соња В., пациентка од Битола.

    И лекарите од Онколошкото одделение велат дека неопходно е што поскоро во Битола да почне да се применува зрачна терапија за болните од канцер.  

    „Потребата е голема. Такво Одделение мора да има и во Битола со оглед на бројот на пациенти. Засега зрачна терапија се добива само во Скопје. Патувањето до таму за пациентите значи дополнителен трошок и малтретирање. Бројот на пациенти кои имаат потреба од зрачење не е мал, зашто се работи за заболени од целиот југозападен регион“, велат лекарите од Одделението за онкологија при битолската болница.

    Според неофицијални податоци, од југозападниот регион годишно околу 1.600 пациенти имаат потреба од зрачна терапија , а од Битола околу 450 заболени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира