Советникот Иван Чулакоски од независната група на советници „Поинаку“ на денешната седница на Совет во Битола, на говорницата излезе со безбол палка. Тој пародично побара Општината да формира безбол клуб.
„По барање на битолчани има многу заинтересирани да се занимаваат со безбол во Битола и побаравме од Комисијата за спорт која предвидува буџет и средства за нови спортски активности и содржини во Битола да се формира и еден безбол клуб кој ќе функционира под надлежност на Општина Битола. Ние како ’Поинаку‘ сме заинтересирани да донираме палки за сите заинтересирани граѓани“, рече Чулаковски.
На ова возврати претседателот на Советот, Валентин Груевски велејќи дека Општината нема надлежност да формира спортски клубови, но може да ја поддржи нивната активност доколку таков клуб е оформен.
Ж. ЗДРАВКОВСКА