БОЧВА ОД ДВА ТОНА КАКО СПОМЕНИК НА ВЛЕЗОТ НА КАВАДАРЦИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БОЧВА ОД ДВА ТОНА КАКО СПОМЕНИК НА ВЛЕЗОТ НА КАВАДАРЦИ

    На влезот на Кавадарци од правец на Росоман се поставува огромна дрвена бочва како симбол на градот на виното.

    Се работи за дрвена бочва за вино со капацитет од 9.000 литри, која ја донира винарницата „Тиквеш“, како симбол на градот и Тиквешијата. Самата бочва е тешка 2 тона  и во неа може да се чуваат околу 9 илјади литри вино.

    Бочвата е поставена на важна сообраќајница, на патот кон Росоман кој е дел од обиколницата преку која може да се патува кон Скопје или Прилеп, информираат од Службата за односи со јавноста при општината.

    Бочвата се монтира во пресрет на прославата на Денот на лозарите „Свети Трифун”, на 14 февруари.

    Скулптура Филџан на еден од кружните текови во градот (Фото: СДК.МК)

    Скулптура Филџан на еден од кружните текови во Битола (Фото: СДК.МК)

    На влезот на Битола од страната на Ресен, исто така, среде кружен тек, има поставено огромен филџан, кој треба да потсети на народната „битолските бегови црно кафе пиеја, газети читаа и политика бистреа“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира