Брачна двојка од струмичко Мокриево почина на лице место откако попладнево со патничко моторно возило излета од патот во Колешино и заврши во околниот канал. Несреќата се случи на излезот од селото, најверојатно заради неприлагодена брзина, а во извлекување на телата мораше да интервенира и екипа на струмичката противпожарна единица.
Трагичниот настан го потврдија од струмичката полиција од каде што соопштија дека станува збор за маж и жена на возраст од 70 и 69 години од Мокриево, кое што за неполни 24 часа ја бележи и третата жртва во сообраќајки.
Синоќа, почина 38-годишен жител од ова место, а други две се тешко повредени откако излетале од локалниот патен правец Мокриево-Ново Село.
В. ТРАЈКОВ