ДЕТСКИОТ ЛАВИРИНТ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ ОБРАСНАТ СО ТРЕВА

    ДЕТСКИОТ ЛАВИРИНТ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ ОБРАСНАТ СО ТРЕВАПатеките низ кои трчаат децата се со трева до колега и постои опасност од убоди од крлежи.(Фото: СДК.МК)

    Детскиот лавиринт во Градскиот парк е обраснат со трева. Патеките низ кои трчаат децата се со трева до колена и постои опасност од убоди од крлежи.

    Не е искосена ниту тревата во паркот наоколу, иако тој секојдневно е полн со посетители. Дел од клупите се скршени и стои расфрлено ѓубре.

    Овој дел од паркот се наоѓа пред канцеларија на градоначалничката Данела Арсовска и службите на Градот. 

    Од ЈП „Паркови и зеленило“ до објавување на текстот не добивме одговор зошто иако сме јуни тревата во паркот и во лавиринтот уште не е искосена.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира