ДВЕ ГОДИНИ ВО ВЕЛЕС НЕ СЕ КОРИСТАТ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВЕЛОСИПЕДИ КУПЕНИ СО ПАРИ ОД ЕУ, СЕ ЧЕКА ОДЛУКА НА СОВЕТОТ

    ДВЕ ГОДИНИ ВО ВЕЛЕС НЕ СЕ КОРИСТАТ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВЕЛОСИПЕДИ КУПЕНИ СО ПАРИ ОД ЕУ, СЕ ЧЕКА ОДЛУКА НА СОВЕТОТИнвестицијата, набавка на 20 електрични велосипеди беше во вредност од 2.7 милиони денари и вклучува смарт брави за заклучување, софтверско решение и апликација за корисниците. (Фото: СДК.МК)

    Јавното претпријатите „Парк Спорт и Паркинзи“ (ЈППСП) до Советот на Општина Велес поднело план за работа на електричните велосипеди и чека точката да биде ставена на дневен ред и усвоена. Така по две години откако беа набавени во рамките на проектот „Паметно езеро Младост“ вреден еден милион евра грант, тие би требало да бидат ставени во функција корисниците и ќе може да сеизнајмуваат. При што од Претпријатието нагласуваат „во употреба во состојба такви какви што се“.

    „Предавањето на електричните велосипеди е извршено во април 2021 година, без претходно да се провери и испита капацитетот на ЈП за нивно управување. Во овој момент електричните велосипеди веќе ја имаат изгубено од својата употребна вредност и како такви нивното одржување е сѐпотешко и понеисплатливо, за што повторно се појавува прашањето кој тоа дозволил, ги купил за огромни средства и ги оставил на милост и немилост?“,  вели в. д директорот на ЈП Зоран Јаневски.

    Потенцира дека со нивни сопствени човечки и финансиски сили ќе се обидат да ги стават електричните велосипеди на располагање на корисниците и посетителите на езерото Младост. Инвестицијата, набавка на 20 електрични велосипеди беше во вредност од 2.7 милиони денари и вклучува смарт брави за заклучување, софтверско решение и апликација за корисниците.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира