ЕКИПАТА НА ЕДУКАТИВНИОТ ЦЕНТАР ПО РОБОТИКА ОД КОЧАНИ ПРВА ВО МАКЕДОНИЈА И ЌЕ УЧЕСТВУВА НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО САД

    ЕКИПАТА НА ЕДУКАТИВНИОТ ЦЕНТАР ПО РОБОТИКА ОД КОЧАНИ ПРВА ВО МАКЕДОНИЈА И ЌЕ УЧЕСТВУВА НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО САДПо вторпат екипата на едукативниот центар по роботика од Кочани најдобра на републичките натпревари со што стекна учество и на светскиот шампионат во САД кој ќе се одржи од 7-9 јуни. (Фото: СДК.МК)

    Во конкуренција на 22 екипи со вкупно 180 учесници на шестиот национален натпревар по роботика што се одржа во Штип, апсолутен победник е едукативниот центар стем роботика од Кочани кој ги освои првите места и во категоријата на млади роботичари од 6 до 10 години и во категоријата на учесници од 10 до 16 години.

    Повозрасната екипа на кочанскиот едукативен центар стем роботика со ова прво место стекна право да учествува на светскиот шампионат по роботика што од 7 до 9 јуни ќе се одржи во Масачусетс, САД. Екипата е составена од ученици од Кочани, но и од Виница кои се редовни членови на едукативниот роботски центар во Кочани и тоа Андреј Дамјанов, Горјан Тасев, Филип Ристов, Тања Врчко, Глигорие Фудолски, Бране Тасев, Љубиша Митев и Славе Јорданов.

    „Натпреварувањето е под закрилата на ООН која за оваа година ја одреди тематиката на иновативни проекти на места за рекреација со помош на новите технологии. Победниците беа најдобри во сите четири категории, основни и иноваативни вредности, потоа во проектна тематика, во робот дизајн и роботска игра. Оваа екипа беше национален победник и пред две години, а приматот го потврди и на годинашниов државен натпревар во рамките на Фирст Лего лигата на Македонија“, вели претседателот на лигата Гордан Анастасов.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира