ЕУТАНАЗИРАНА ЛАВИЦАТА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

    ЕУТАНАЗИРАНА ЛАВИЦАТА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКАЛавицата, која 15 години беше жител на скопската Зоолошка градина, со лавот Жика. (Фото: Зоо)

    Лавицата во скопската Зоолошка градина беше еутаназирана по долго боледување од малиген тумор на кожата, соопшти утринава Зоолошката градина.

    Туморот на 20-годишната лавица почнал да се развива на лицето, а потоа метастазирал низ целото телото. Во септември минатата година, Зоолошката добила препорака за еутаназија од ЕАЗА (Европска асоција на зоолошки и аквариуми), но решиле да не се откажат од борбата и во соработка со Ветеринарниот институт направиле неколку операции за отстранување на туморот, но секој пат тој се враќал сè поинвазивен.

    „Лекувањето за жал беше неуспешно, а лавицата која храбро се бореше со најлошата болест на денешницата беше еутаназирана. Секој од нас има изгубено блиска личност од ова зло, а ние ја изгубивме 20-годишната мила жителка на Зоо Скопје“, соопштија од Зоолошката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира