ФАБРИКАТА „ПЕЈПЕР МИЛ“ ЗАГАДУВА ТРИПАТИ ПОВЕЌЕ ОД ДОЗВОЛЕНОТО, ПРОТЕСТИ ВО КОЧАНИ

    ФАБРИКАТА „ПЕЈПЕР МИЛ“ ЗАГАДУВА ТРИПАТИ ПОВЕЌЕ ОД ДОЗВОЛЕНОТО, ПРОТЕСТИ ВО КОЧАНИОва трет протест против загадувањето кое е за три пати поголемо загадување од дозволеното. (Фото: СДК.МК)

    Активистите од граѓанската иницијатива за почист град и жителите на Кочани денеска протестираа пред фабриката за хартија „Пејпер мил“ која се смета за најголем загадувач во градот. Ова е трет протест против загадувањето кое е за три пати поголемо од дозволеното.

    На протестот се побара за 30 дена Општината да постави мерна станица кај фабриката. Исто така, жителите бараат Министерството за животна средина да изврши ревизија на дозволата за дозволеното загадување и да забрани користење пелети од сончогледови остатоци. Активистите бараат Министерството да го задолжи сопственикот кој е од Бугарија во фабриката да инсталира пречистителна станица, за да не испушта загадената вода во Кочанското Поле.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира