ФУДБАЛСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ БОЈАН МИОВСКИ ГО ДОБИ ОРДЕНОТ „СВЕТИ НИКОЛА“ НА ШТИП

    ФУДБАЛСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ БОЈАН МИОВСКИ ГО ДОБИ ОРДЕНОТ „СВЕТИ НИКОЛА“ НА ШТИПМиовски денес игра за шпанскиот прволигаш Џирона. (Фото: СДК.МК)

    Штипскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски го доби орденот „Свети Никола“, што веќе 13 години се доделува за Денот на градот, 19 Декември, на заслужни граѓани кои се родени или потекнуваат од Штип.

    Според Комисијата за доделување на највисокото признание на Штип,  Миовски во последните неколку години е еден од главните репрезентативци на македонската фудбалска селекција и нејзин голгетер. Миовски кариерата ја започнал во Брегалница, потоа играл за Работнички, па во првата лига на Унгарија од каде заминува за Абердин, Шкотска, а денес е стандарден играч на шпанскиот прволигаш Џирона.

    Во чест на 19 Декември, Општина Штип додели признанија „Свети Никола“ и на Територијалната противпожарна единица, на  компанијата „Енерџи солушн“,  на д-р Александар Митевски и на Одбојкарскиот клуб на Универзитетот „Гоце Делчев“ кој минатата сезона го освои купот на Македонија.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира