ГОЛ ЧОВЕК ПРОШЕТА НИЗ ОХРИД ПРЕД СТРАНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА, ОД МВР ВЕЛАТ НЕ Е ПРОТЕСТ

    ГОЛ ЧОВЕК ПРОШЕТА НИЗ ОХРИД ПРЕД СТРАНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА, ОД МВР ВЕЛАТ НЕ Е ПРОТЕСТМажот се соблекол на плоштадот и ги оставил панталоните на рекламно пано, пред да почне да шета. (аматерска фотографија)

    Утринава низ центарот на Охрид се прошета гол човек на возраст од околу 50 години, истовремено со прошетките на неколку странски делегации, кои учествуваат на „Преспа форум дијалог“. Читател испрати фотографии од неговата прошетка по градскиот плоштад до нашата редакција, а вели и дека имало неколку пријави до полиција за настанот.

    Од охридската полиција велат дека станува збор за нивни познат сограѓанин, кој и претходно бил пријавуван и носен по институции. Оттаму велат дека порано шетал по танга, но сега се охрабрил и соосема се соблекол.

    Денеска, тој се соблекол на плоштадот и ги оставил панталоните на рекламно пано, пред да почне да шета.

    Во Охрид се одржува „Преспа форум дијалог“, настан на кој учествуваат политичари од целиот свет, а таму е и целиот македонски државен врв.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира