Што значи да се биде и како може да се стане контролор на летање, пилот, воздухопловен инженер инспектор за безбедност во авиосообраќајот и други видови воздухопловен персонал, денеска во Градскиот парк престави Здружението за подобро воздухопловство АВИКОН.
Годинава по втор пат се одржа воздухопловно-едукативниот саем Скопје ер фер (Skopje air fair), а целта е да се промовираат и популаризираат воздухопловните професии кај младата популација.
„Стручниот воздухопловен кадар се обидувада ја задоволи љубопитноста на посетителите, кои сакаат да ги спознаат вештините и знаењата со кои располагат носителите на овие значајни позиции во воздухопловниот сектор. Со кои се предизвици треба да се соочат за да стигнат до пилотска дозвола, како да се стекнат со сертификат за контролор на летање, кои се надлежностите на инспекторите за безбедност во воздушниот сообраќај и многу други прашања и одговори, присутните ќе можат да добијат, на промотивните пултови на субјектите од воздухопловната индустрија и надлежните воздухопловни институции“, велат организаторите.
Промотивен штанд на саемот има и Агенцијата за цивилно воздухопловство преку тим од инспектори за надзор над безбедноста и обезбедувањето во воздушниот сообраќај во земјава, за аеродромски услуги, како и за заштита на правата на патниците во воздушниот транспорт.