Голем пожар попладнево изби во кругот на фабриката „Мак прогрес“ во Виница, позната како поранешна „Винчини“.
Според локалните медиуми, интервенираат противпожарните единици од Виница и Кочани, како и доброволните противпожарни друштва од двете општини.
Засега нема информации дека има повредени.