ГОЛЕМИТЕ ХОТЕЛИ НА ОХРИДСКО-СТРУШКАТА РИВИЕРА ЌЕ ОСТАНАТ ПОЛУПРАЗНИ ЗА ВЕЛИГДЕН

    ГОЛЕМИТЕ ХОТЕЛИ НА ОХРИДСКО-СТРУШКАТА РИВИЕРА ЌЕ ОСТАНАТ ПОЛУПРАЗНИ ЗА ВЕЛИГДЕНДомашните гости и туристите, претежно од соседните држави, ќе ги исполнат помалите хотели и приватното сместување, а голем дел од посетителите имаат и свои станови. (Фото: СДК.МК)

    Поголемите хотелски капацитети на охридско-струшката ревиера за Велигденските празници ќе останат полупразни. Домашните гости и туристите, претежно од соседните држави, ќе ги исполнат помалите хотели и приватното сместување, а голем дел од посетителите имаат и свои станови.

    „Помалите хотели имаат поголема исполнетост, додека кај поголемите има доста останати места и нема да бидат исполнети до максимум според очекувањата. Странските гости не се во ист број како што беа минатите години. Фактот е дека се во помал број и некои од резервациите што се прават однапред со месеци. Тоа ни кажува дека оваа година нема да биде како минатите“, вели претседателот на Хотелската асоцијација (ХОТАМ), Крсте Блажевски.

    Според Блажевски, ваквата состојба се должи на поскапувањето на горивата и растот на цените на основните прехранбени продукти со што граѓаните имаат сѐ помалку пари за патување.

    „Поскапувањето на горивата влијае на поскапување на превозот и зголемување на цените на основните продукти. Со самото тоа оваа година ќе имаме повисоки трошоци сигурно за 15 отсто и ќе се работи со помали заработки“, додава Блажевски.

    Новите авиолинии на „Визер“ Охрид-Братислава, Охрид-Милано и авиолините на „Аустријан ерлајнс“ до Виена од 17 мај,  и на „Визер“ до Вроцлав и Катовице од 7 јуни, според најавите, ќе го зголемат бројот на гости за време на летната туристичка сезона. Блажевски вели дека не станува збор за чартер линии и токму ваквите летови ќе ги користат нашите иселеници.

    Дел од туристичкиот сектор смета дека војната во Иран може дополнително да влијае врз намалување на бројот на туристи, а дел пак очекуваат поголем прилив бидејќи се избегнуваат дестинациите како Турција и Египет.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира