Поголем пожар попладнево ја зафати дивата депонија Вардариште во Скопје, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според првичните информации, огнот зафатил поголем простор од депонијата, а постои можност да е зафатен и постар објект.
На терен интервенираат 13 пожарникари со пет противпожарни возила.
Од безбедносни причини, исклучени се далекуводите што ги напојуваат со електрична енергија населбите Аеродром и Лисиче.