ГОРИ ХОТЕЛОТ „БУШИ” ВО СКОПСКАТА ЧАРШИЈА, НАВРЕМЕНО ЕВАКУИРАНИ СИТЕ ГОСТИ, ВЕЛИ СОПСТВЕНИКОТ

    ГОРИ ХОТЕЛОТ „БУШИ” ВО СКОПСКАТА ЧАРШИЈА, НАВРЕМЕНО ЕВАКУИРАНИ СИТЕ ГОСТИ, ВЕЛИ СОПСТВЕНИКОТПринтскрин од аматерско видео

    Пожар изби во хотелот „Буши” во Старата скопска чаршија, попладнево.

    Сопствениците на хотелот за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека нема жртви, сите гости се евакуирани, има само материјална штета.

    Едно лице се пожалило на проблеми со дишењето и е префрлено во ГОБ „8 Септември“.

    На терен се екипи од Бригадата за противпожарна заштита и како што ни изјавија од таму се интервенира за да не се прошири кон околните објекти бидејќи пожарот е голем.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира