Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити најави дека Град Скопје ќе добие 6 еколошки автобуси, но не кажа повеќе детали.
На денешната прес-конференција за 100 дена Влада, говорејќи за тоа што е остварено и што се планира за загадувањето во пресрет на студените денови, Меџити рече дека еден од приоритетите на Министерството за животна средина и просторно планирање е токму загадувањето и работат со партнери кои даваат грантови, помош, искуства и знаења.
„Работиме интензивно на тоа. Град Скопје ќе добие 6 еколошки автобуси. Мислам дека со проширувањето на централното греење и да се развие на ниво на градот и урбаните средини, и во иднина со гасификација на државата и со мерките што ги преземаме, полека но сигирно ќе го решиме тој проблем. За проблемот со загадувањето не постои само една мерка“, рече Меџити.
- ГРАД СКОПЈЕ ПОДНЕСЕ 20 ПРОЕКТИ НА ОГЛАСОТ НА ВЛАДАТА МЕЃУ КОИ И ЗА НАБАВКА НА 95 ЕКО АВТОБУСИ
- И НА ДРУГИТЕ ГРАДОВИ ИМ ТРЕБААТ 250 НОВИ АВТОБУСИ, НЕ САМО НА СКОПЈЕ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ
Б. НЕСТОРОСКА