Референдумот во општина Дојран за изјаснување на граѓаните за или против отварање рудницио општината закажан престојната недела нема да се одржи. Градоначалникот Борче Стамов одлуката на Советот за рефендумско изјаснување на граѓаните воопшто не ја потпишал, ниту пак ја објавил во службениот гласник на општината. Веста ја дознале советниците кои денеска сакале да се информираат како течат подготовките за рефендумот што требаше да се одржи в недела на 18 јуни. Градоначалникот Стамов им одговорил дека не ставил потпис на одлуката, бидејки Државниот инспекторат за локална самоуправа излегол со соопштение дека сите одлуки на оптшинските совети после 24 март биле нелегитимни.
Градоначалникот Стамов не одговараше на телефонските повици, ниту пак на смс пораките да одговори зошто не ставил потпис на одлуката за референдум донесена од страна на Советниците минатиот месец.
На 12 мај, на иницијатива на граѓаните, Советот на општина Дојран донесе одлука за референдумско изјаснување за рудникот Казандол, но и дали да се отвораат рудници во нивната општина бидејки надлежните имаат издадено концесија за детални геолошки истражувања за локацијата Башибоз.
Советничката група на СДСМ побара свикување вонредна седница најдоцна до следниот понеделник за да се донесе повторно одлука за референдум. Паралелно, тие побараа и одговор од градоначалникот Стамов зошто не ја потпишал одлуката, а во меѓувреме ја криел цело време и не ја објавил во службениот гласник на општината.
За разлика од Дојран, во Валандово претседателката на Советот Јасмина Сечкова не свика седница за да распише референдум, иако минатата недела беа доставени потребните потписи согласно законот. Од таа причина, од утре граѓанските активисти „Спас за Валандово“ ке ја блокираат делницата Валандово-Пирава-Марвинци секој ден од 11 часот.
В. ТРАЈКОВ