ГРАДСКИОТ ВОЗ ОД ЗЕЛЕНИКОВО ДО ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР ПОЧНУВА ДА ВОЗИ ОД 1 СЕПТЕМВРИ, БИЛЕТОТ ЌЕ БИДЕ 40 ДЕНАРИ

    ГРАДСКИОТ ВОЗ ОД ЗЕЛЕНИКОВО ДО ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР ПОЧНУВА ДА ВОЗИ ОД 1 СЕПТЕМВРИ, БИЛЕТОТ ЌЕ БИДЕ 40 ДЕНАРИВозниот ред предвидува да има по 9 поаѓање од Зелениково и од Транспортен центар. (Фото: СДК.МК)

    Градскиот воз од Зелениково до Транспортен центар ќе почне да вози од 1 септември. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе биде 70 денари. Возниот ред предвидува да има по 9 поаѓање од Зелениково и од Транспортен центар, а патувањето ќе трае од 24 до 28 минути.

    Директорот на „Македонски железници Инфраструктура“, Синиша Ивановски, вели дека се извршени сите потребни зафати и градскиот воз од 1 септември ќе почне да сообраќа.

    „Извршена е замена на старите дрвени прагови, од кои некои датираат уште од 1959 година, со нови бетонски прагови. Оваа техничка надградба ќе овозможи возовите да се движат со брзина од 80 до 90 километри на час, што е значително подобрување во однос на сегашните 20-30 километри на час. Модернизирани се патните премини кај Драчево за да се подигне нивото на безбедност“, вели Ивановски.

    За делниците кон Илинден и Ѓорче Петров, како што вели Ивановски, градежниот дел ќе биде сличен. И на двете места има постоечки пруги, меѓутоа за разлика од таа од Зелениково, на овие делници нема никаков сообраќај и се во многу лоша состојба. Во тек е постапката за проектирање, по што ќе се распише оглас за избор на изведувач на двете траси. Нивната изградба се очекува да заврпи до крајот на 2027.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира