Битола викендов е преполна со грчки граѓани кои пазаруваат по маркети, зелени пазари, бутици, па и стоваришта.
Купуваа од храна, кисела вода, зимница, па до негасена вар од стоваришта. Во дел од маркетите имаше производи на акција, па набавија намирници по поевтини цени како тоалетна хартија, паста за заби, кисела вода, сончогледово масло, мелено месо и друго.
Битолски трговци велат дека толку голема посетеност од грчки купувачи немале со месеци.
Багажниците на автобусите кои ги собраа грчките купувачи од центарот на градот се преполнија до таа мера што патниците дел од торбите ги чуваа в скут додека патуваат назад за Грција.
Ж. ЗДРАВКОВСКА