Почна да се чисти популарното излетничкото место Суитлак во Штип кое беше наполнето со градежен шут и друг отпад. Багери секојдневно и со часови товараат повеќе камиони кои градежниот отпад го дислоцираат, но не се знае каде.
Суитлак, кое некогаш беше ливада и е дел од градот, за неколку години стана најголемата дива депонија на градежен шут и друг отпад кој се складираше веднаш до фудблското игралиште.
Градоначалникот на Штип Иван Јорданов, кажа дека таа локација е државно земјиште, градежниот отпад се дислоцира на друга локација која е одредена за тоа и дека на овој простор се предвидува уредена зелена површина која ќе биде продолжение на ЗОО паркот Бриони и адреналинската патека која веќе се почна да се гради во оваа месност.
Т. ЈОВАНОВСКИ