ИСЕЧЕНА ШУМА ПОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ВИЛА ВО ОХРИД, МИРИСА НА НАФТА

    ИСЕЧЕНА ШУМА ПОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ВИЛА ВО ОХРИД, МИРИСА НА НАФТАСоголената шума во подножјето на ридот под претседателската вила. (Фото: СДК.МК)

    Исечена е шума во подножјето на резиденцијалната вила„Билјана“ во  Горица кај Охрид. Зеленилото е исечено во должина од околу педесеттина метри и во ширина од дваесеттина метри. На тоа место каде што имаше дрва и грмушки остана само гола земја која е набивана со машини.

    Просторот кај Горица е строго заштитен зелен појас на Охрид и не е јасно кој и зошто го оголил овој дел на паркот каде што рекреираат и на лето бараат спас од горештините многу Охриѓани и туристи.

    Пред капијата и кај поранешниот хотел Парк има паркирано полициски возила.

    „На влезот во Горица, кај главната капија во правец на патеката што води кон некогашниот хотел Парк и сегашниот хотел Инекс Горица, деновиве мириса на нафта. Тоа се чувствува кога времето е врнежливо и кога има ветер. Јас тука поминувам кога одам да рекреирам на патеките во Горица“,ни рече охриѓанец кој секојдневно рекреира на овој простор.

    Уште пред една неделе  се јавуваа граѓани кои кажуваа дека по влегувањето  во главната капија која води кон резиденцијата на претседателот Иванов се чувствува мирис на нафта.

    Засега никој од инспекциските служби не реагирал на оваа појава кај Горица, иако некои граѓани рекоа дека го пријавиле случајот.

    Д. ЧУБРИЌ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира