ИСКРШЕНО СОЛАРНОТО ДРВО НА КЕЈОТ ВО КАРПОШ И УКРАДЕНИ БАТЕРИИТЕ

    ИСКРШЕНО СОЛАРНОТО ДРВО НА КЕЈОТ ВО КАРПОШ И УКРАДЕНИ БАТЕРИИТЕСоларното дрво за полнење на електрични тротинети и други уреди, беше поставено во септември, штетата е околу 120.000 денари.(Фото: Општина Карпош)

    Уништена е дел од опремата околу соларното дрво на кејот на Вардар во Општина Карпош. Скршен е ормарот во кој се сместени уредите, при што е украдена внатрешната опрема и батериите за работа.

    Соларното дрво за полнење на електрични тротинети и други уреди, Општината го постави во септември. Од Општината велат дека штетата изнесува околу 120.000 денари.

    „Во изминатиот период сведоци сме на свесно уништување на новопоставената урбана опрема во општина Карпош, крадење на украсни растенија и новозасадени дрвја. Деструктивните активности имаат за цел да креираат слика на нефункционалност на локалната самоуправа, но штетата што се прави е колективна. Ги повикуваме надлежните институции да преземат мерки за санкционирање на овие вандалски чинови“, велат од Општина Карпош.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира