Непознати сторители попладнево го искршиле стаклото од Рускиот конзулат на Широк Сокак во центарот на Битола.
Од битолската полиција велат дека настанот кај нив бил пријавен во 15.40 часот и дека полициска екипа извршила увид во конзулатот. Се преземаат мерки за откривање на строрителите.
Конзулатот се наоѓа во строгиот центар на градот каде фреквенцијата на движење во тоа време од денот е голема, па најверојатно има и очевидци на настанот.
Ова е првпат да биде нанесена штета врз конзуларно преставништво во Битола.
Ж.ЗДРАВКОВСКА