Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје од денеска до 14 мај ги пушта линиите 100 и 200 за превоз до Саемот на книга, кој почнува денес во 12 часот во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Линијата со број „100 “ ќе поаѓа од Ново Лисиче, а со „200“ од Дексион. Билетите за нивно користење ќе чинат согласно со ценовникот за користење на јавен превоз.
Возен ред на линија 100 (Ново Лисиче – СЦ „Борис Трајковски“): Од Ново Лисиче: 11 ч, 12.20 ч, 13.40 ч, 15 ч, 16.20 ч, 17.40 ч, а од СЦ „Борис Трајковски“: 11.40 ч, 13 ч, 14.20 ч, 15.40 ч, 17 ч, 18.20 ч.
Возен ред на линија 200 (Дексион-СЦ „Борис Трајковски“): Од Дексион: 11.20 ч, 12.40 ч, 14 ч, 15.20 ч, 16.40 ч, 18 ч, а од СЦ „Борис Трајковски“: 12 ч, 13.20 ч, 14.40 ч, 16 ч, 17.20 ч, 18.40 чaсот.
Саемот ќе работи секој ден до 14 мај од 10 до 20 часот, освен на последниот ден, 14 мај, кога ќе биде отворен од 10 до 18 часот.
Цените на влезниците се исти како и минатата година: редовна влезница – 100 денари, влезница за организирани посети на ученици – 50 денари/по ученик, влезница за три посети на саемот – 250 денари. Влезот е бесплатен за деца до 12 години кои се во присуство на родител.
Со секоја купена влезница Саемот на книга ќе донира 15 денари на СОС детското село.