КАФЕАНЏИИТЕ ОД СКОПЈЕ И ГОДИНАВА ЌЕ ПЛАЌААТ ПОНИСКА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ТЕРАСИТЕ

    КАФЕАНЏИИТЕ ОД СКОПЈЕ И ГОДИНАВА ЌЕ ПЛАЌААТ ПОНИСКА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ТЕРАСИТЕОд кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов велат дека оваа мерка ја носат со цел да им помогнат на угостителите во полесно да ги надминат последиците од пандемијата ма ковид-19. (архивска фотографија)

    Град Скопје и оваа година ќе им наплатува пониска комунална такса на кафулињата и кафеаните за летните тераси. Исто како лани наместо 15 денари за метар квадратен ќе им се наплатува по 5 денари.

    Од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов велат дека оваа мерка ја носат со цел да им помогнат на угостителите во полесно да ги надминат последиците од пандемијата ма ковид-19.

    Со одлука на Владата од средата угостителските објекти се затворени поради зголемениот број на нови случаи и на починати лица од ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира