КАЈАКАРОТ ПЕТРУШЕВ СПОРТИСТ НА ВЕЛЕС ЗА 2024 ОТКАКО БЕШЕ ШЕСТИ НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО

    КАЈАКАРОТ ПЕТРУШЕВ СПОРТИСТ НА ВЕЛЕС ЗА 2024 ОТКАКО БЕШЕ ШЕСТИ НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВОПетрушев по третпат го добива ова признание од градот (Фото: СДК.МК)

    Кајакарот Ангелче Петрушев е спортист на Велес за 2024 година. Тој го освои шестото место на Европското првенство во Словенија, што е највисокиот пласман на еден македонски кајакар на големо натпревaрување. Петрушев го доби ова признание од градот и во 2019 и 2022.

    „Моите планови за наредната година се да го повторам овој резултат во сениорска, но и медал во конкуренција на кајакари до 23 години, каде што исто така веслам. Затоа веќе три месеци во тек е тренажниот процес, на Вардар во Велес“, кажа Петрушев.

    Тој претходно влезе и меѓу петтемина најдобри спортисти на Македонија. Пласманот на ЕП не беше вреднуван за да биде учесник на Олимпијадата во Париз со вајдл-карта, каде што настапија спортисти далеку послабо рангирани од него на светската листа на кајакари.

    „Бев на чекор до таа врата, но не ја пречекорив. Разбирливо дека тагувам што со ваков резултат не учествував. Сон на секој спортист е учество на Олимписки игри“, вели Петрушев.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира