КАРНЕВАЛОТ ГИ ПРЕПОЛНИ ХОТЕЛИТЕ ВО СТРУМИЦА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАРНЕВАЛОТ ГИ ПРЕПОЛНИ ХОТЕЛИТЕ ВО СТРУМИЦА

    Тешко може да се најде сместување во Струмица во некој од хотелски капацитети. За викендов речиси сите легла се распродадени пред речиси цел месец. Во десетината хотели заради викенд забавите под маски, но и големото карневалско дефиле закажано за утре нема можност да се најде слободна соба до недела. Овие денови во Струмица се очекуваат десетици илјади гости кои ќе уживаат во маскенбалите, големиот и детски карневал.

    „Нема слободно легло. Може да понудиме сместување веќе од недела. Имаме гости од земјава, но и од соседна Бугарија и Грција. Собите се резервираа многу од поодамна бидејќи вечерва се маскенбалите, а утре е главното карневалско дефиле“, ни изјави Наташа Шапковска од хотелот „Сириус“.

    Слична е состојбата и во останатите хотелски капацитети од каде информираат дека заради интересот за следење во живо карневалското дефиле, гостите со недели резервирале викенд во Струмица претежно на основа спиење и доручек. За ова услуга во зависност од хотелот цените се движат од 1.200 до 1.500 денари по лице.

    И организаторите се соочија со недостиг на хотелско сместување. Како членови на Европската асоцијација на карневалските градови ќе угостат околу 500 карневалџии од повеќе држави, меѓу кои за првпат и од Русија и Холандските Атили.

    „Поради рејтингот што го ужива струмичкиот карневал во Европа, многу карневалски делегации и групи сакаат да бидат дел од големото дефиле. Моравме да селектираме и редуцираме бидејќи немаме доволно сместувачки капацитети. Првично планиравме 600 гости, но бројката ја сведовме на 500“, вели Ване Ристов член на организациониот одбор

    Струмица деновиве живее со карневалот. Секоја вечер се организираат забави под маски кои траат до раните утрински часови. Заради вечерашниов маскенбал на кој ќе се избира принц и принцеза и големото дефиле што ќе биде утре по струмичките улици се очекува Струмица да врие. За утре тешко може да се најде слободно место во некој од рестораните, кафе баровите.

    „Пред некоја година првиот човек на Европската асоцијација на карневалски градови Фердинанд Ван дер Крон направи груба пресметка и тврди дека за време на седумдневните карневалски свечености во струмичкото стопанство се вртаат околу милион евра, бидејки се трошат матријали за подготвка на маски, хотелските и сместувачки капацитети се исполнети а на големо се продаваат и карневалски костими во трговската мрежа“, вели Ристов

    На големото карневалско дефиле утре се очекуваат околу 2000 маски од земјава и странство додека во недела на Прочка е детскиот карневал.
    В.Трајков

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира