КУМАНОВЕЦОТ КОЈ ИСЧЕЗНА ПРЕД ДВА МЕСЕЦА ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ПЧИЊА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КУМАНОВЕЦОТ КОЈ ИСЧЕЗНА ПРЕД ДВА МЕСЕЦА ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ПЧИЊА

    Драган Цветковски (59) Куманово, кој речиси два месеци се води како исчезнат, попладнево е пронајден мртов во водите на реката Пчиња во кумановското село Студена Бара. Безживотното тело, закачено на гранка во водата, го нашол случаен минувач и пријавил во Кумановската полиција. Синот на Цветковски потврди дека татко му е пронајден мртов, а тој го идентификувал телото.

    „Слушнав од некои луѓе дека е пронајдено безживотно тело и сам отидов во Студена Бара. Го препознав по чевелот на едната нога уште додека го вадеа. Друга облека немаше на него, не знам како завршил таму. Знаевме дека нешто лошо се случило штом не го најдовме првите неколку дена“, ни изјави кратко во телефонски разговор Оливер.

    На Цветковски му се губи секаква трага од 19 декември минатата година откако излегол од неговиот дом во населбата „Гоце Делчев“ и повеќе не се вратил. Имал здравствени проблеми, но и порано шетал во околината. Кобниот ден за последен пат бил виден на кејот на реката Кумановка. Дали заталкал или самиот заминал таму никој не знае. Како завршил во реката и дали има траги на насилство ќе покаже истрагата.

    Од Основното јавно обвинителство Куманово рекоа дека телото на починатиот е предадено на обдукција.

    Семејството веднаш по исчезнувањето на Драган апелираше преку медиумите да се помогне во пронаоѓањето на човекот. Беше организирана и акција за пребарување на градот и периферијата, но безуспешно.  Поради снегот и ниските температури семејството се плашеше од најлошото.

    „Како да пропадна човекот во земја. Ние не знаеме каде веќе да го бараме, а од полицијата ништо не кажуваат. Предложивме да се прегледаат снимките од камерите на раскрсниците, но немаме информација дали го сториле тоа. Останува да се недевме дека ќе го најдеме, но помина многу време. Се плашиме дека му се случило најлошото“, изјавија пред петнаестина дена од семејтвото.

    Тие се разочарани што полицијата не реагирала веднаш по исчезнувањето на Драган, туку чекале да поминат 24 часа и сметаат дека непотребно се изгубило многу време во потрагата. Велат дека таа процедура треба да се почитува кога се работи за здрави луѓе, но не и за оние што имаат здравствени проблеми како Драган.

    На крајот на летото во Куманово исчезна и средовечна жена. Полицијата сеуште трага по неа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира