ЛЕКАРИТЕ ОД ДЕБАР И ЦЕНТАР ЖУПА ТРЕБА ДА РАБОТАТ ПЛУС 50 ЧАСА НЕДЕЛНО ЗА ДОПОЛНИТЕЛЕН ИМУНОЛОШКИ ПРЕГЛЕД, РЕАГИРААТ ПРИВАТНИТЕ ДОКТОРИ ЗА НОВАТА ОБРСКА

    ЛЕКАРИТЕ ОД ДЕБАР И ЦЕНТАР ЖУПА ТРЕБА ДА РАБОТАТ ПЛУС 50 ЧАСА НЕДЕЛНО ЗА ДОПОЛНИТЕЛЕН ИМУНОЛОШКИ ПРЕГЛЕД, РЕАГИРААТ ПРИВАТНИТЕ ДОКТОРИ ЗА НОВАТА ОБРСКАДокторите реагираат дека со новата обврска ќе треба на работа да минат уште дополнителни 50 работни час, или цела работна седмица; - Претседателката на Здружението на приватни лекари д-р Лили Чолакова-Дервишова. (Фото: СДК.МК)

    Здружението на приватни лекари (ЗПЛ) реагира на решението кое Министерството за здравство им го дало на матичните доктори од Дебар и Центар Жупа, а со кое им се даваат обврски за посебни задачи. Со нив на репрезентативен примерок на пациенти, задолжително треба да се изврши контролен имунолошки преглед. Докторите реагираат дека со новата обврска ќе треба на работа да минат уште дополнителни 50 работни часа.

    „Ова е обврска повеќе за матичните доктори во овој регион. Покрај секојдневните обврски, прегледи, препишување рецепти, совети по телефон треба да се работат и дополнителни 10 отсто од популацијата што ја имаат е невозможно. Просек е еден доктор треба да повика 285 пациенти. Да работи со нив по 10 минути тоа се 50 работни часови неделно или цела работна седмица. Затоа, дилемата е во кое работно време матичните доктори да ја работа нивната секојдневна обврска со пациентите, а кога да се врши скринингот“, кажа на прес-конференција д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на ЗПЛ.

    Со оваа нова обврска се опфатени 13 приватни доктори на подрачјето на Дебар и Жупа. Здружението понуди и решение, кој наместо матичните доктори да ја заврши оваа нова обврска.

    „Има Центар за јавно здравје, во центарот на градот Дебар има шатор каде лаборантите може да ја завршат обврската. Не смее да се дозволи да падне примарното здравство од овој регион, кое е на удар со ова решение“,  рече д-р Чолакова-Дервишова.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира