ЛОВЏИЈА СЕ СТАНУВА САМО ВО СКОПЈE И СЕ ЧЕКА СО ГОДИНИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЛОВЏИЈА СЕ СТАНУВА САМО ВО СКОПЈE И СЕ ЧЕКА СО ГОДИНИ

    Да се стане ловџија во Македонија  е вистинска голгота, тврдат љубителите на ловот од струмичко и велат дека со  години чекаат Министерството за земјоделство да објави термини за полагање на  теоретскиот и практичниот испит за добивање ловечка дозвола. Со последните измени  на законската регулатива, полагањето не е по градовите во Македонија туку исклучиво во Скопје, од каде мора да се извади и лекарското, бидејки уверенијата од провинциските лекари и болници не важат. Стотина  млади струмичани чекаат зелено светло да полагаат  ловечки испит  и балистика за да станат и официјално ловџии за отсрел на дивеч кој е дозволен.

    „Имам аплицирано пред  година и пол и сѐ уште чекам Министерството за земјоделство да објави термин за полагање. Бевме во Скопје во Државната клиника за да ни издадат лекарско уверение. Ги плативме потребните такси за полагање но сѐ уште нема термин. Слично е и за испитот по балистика кој го спроведува МВР.  Без тие два испита не можам да станам ловџија. Се обраќам во ловните друштва но и тие креваат рамења, не знаат кога ќе има термини“, вели Благој Динев од струмичко Градашорци.

    Дека во Македонија тешко се доага до ловечка дозвола потврдуваат и ловните друштва. Велат дека  поради необјавување термини за полагање за кандидати  од југоистокот,  добар дел од заинтересираните се откажувале.  Во струмичко има пет ловни друштва со околу 1.200 членови, но последниве години воопшто немаат  нови членови со  ловечка дозвола.

    „Летово реагиравме во Министерството за земјоделство и ни кажаа дека ќе направат законски измени, но помина половина година и ништо од тоа. Ние бараме да се полага ловечки испит и балистика  по градови еднаш или двапати во годината како што беше и претходно, во зависност од интересот. Кај нас има 20 млади кои сакаат да станат ловџии, а имаме и околу 50 членови кои се повозрасни но исто така немаат ловечка дозвола“, вели Зоран Јанев претседател на ЛД „Фазан“ од Василево.

    Бараме да се полага ловечки испит и балистика по градови еднаш или двапати во годината како што беше и претходно, во зависност од интересот, вели вели Зоран Јанев претседател на ЛД „Фазан“ од Василево (Фото: СДК.МК)

    Бараме да се полага ловечки испит и балистика по градови еднаш или двапати во годината како што беше и претходно, во зависност од интересот, вели вели Зоран Јанев претседател на ЛД „Фазан“ од Василево (Фото: СДК.МК)

    „Вистина е дека минатата година немаше објавено термини за полагање ловечки испити  за кандидати од Струмица. Со месеци, па и години се чека.  Од таа причина во 2016, ние немаме нови членови со положен ловечки испит. Голгота е да се стане ловџија и тоа само во Скопје, небаре ние сме граѓани од втор ред“, вели Марјан Даскаловски претседател на ЛД „Беласица“ од Струмица, од каде тврдаат дека последните ловџии со законска дозвола за лов се од  2013.

    Oд  Министерството за земјоделство демантираат дека лани немало  термини за полагање и велат дека согласно член 58 од Законот за ловство, испитот се полагал најмалку четири пати годишно и тоа во периодот од 1 февруари до 30 септември, без да прецизираат дали имало термини за кандидатите од југоистокот.

    „Во 2016 ловечкиот испит го положија 457 кандидати. Полагањето останува во Скопје, но со измените на Законот за ловство има можност да се врати полагањето ловечкиот испит да биде по региони“, велат од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и додаваат дека во земјава има регистрирано 74 ловни друштва како концесионери на дивечот во ловиштата .

    Според законот, ловечка дозвола добива полнолетно лице кое е психофизички здраво и ги има положено ловечкиот испит, кој го спроведува Министерството за земјоделство, и балистика кој се полага пред органите на МВР.  Двата испита се состојат од два дела, теоретски, кој се полага електронски, и практичен. Испитите се полагаат во Скопје во термини што ги утврдуваат органите пред кои ке се полага. За ловечкиот испит се плаќаат такси од околу 1.500 денари додека за балистика околу 12.000, а околу 2.000 денари чини и лекарското во Скопје.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира