МАЈМУНЧИЊАТА ЛУНА И ЛУКА ОД БИТОЛА СЕ НОВИ ЖИТЕЛИ НА ШТИП

    МАЈМУНЧИЊАТА ЛУНА И ЛУКА ОД БИТОЛА СЕ НОВИ ЖИТЕЛИ НА ШТИПЛуна и Лука од вчера се новите жители на ЗОО паркот Бриони во Штип кој за десет години постоење постојано се збогатува со нови видови на животни. (Фото: СДК.МК )

    Кафезот на мечето Теди кое се пресели во Бугарија од денеска е живеалиште на најновите жители на ЗОО паркот Бриони во Штип кој предизвикува интерес кај најмладите од Штип, а чести се и организираните посети од соседните градови. Влезот е бесплатен.

    Мајмунчињата Луна и Лука се донација од Зоолошката градина во Битола во рамките на размената на животни меѓу ЗОО во Македонија. Тие се гривести павијани од семејството мајмуни.

    Раководителот на ЗОО паркот во Штип, Драган Стефановски вели дека живеалиштето на новите жители го збогатиле со дрвја, но планираат да го прошират како внатре би се нашле и природните дрвја што се во непосредна близина на кафезот.

    „ЗОО паркот кој се отвори пред десетина години и е во надлежност на ЈП „Исар“, сега располага со педесетина видови на животни со вкупно 200 примероци сместени во месноста Бриони која со дрвјата што ги има е природен резерват и во тој поглед ги задоволува критериумите за ЗОО парк. Веќе во преговори сме за набавка и на два кенгура за што почнавме да подготвуваме поширок терен за нив“, најавува Стефановски.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира