До рано утрово траеше битката за спас на селото и манастирот во Паралово Битолско. Лица вклучени во гаснењето кажуваат дека огнот зафатил и неколку објекти, но повредени нема. Од пожарот е спасен манастирот „Св. Ѓорги“ каде е и гробот на војводата Ѓорги Сугарев.
Во гаснењето учествуваа пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Битола, доброволнци доброволното противпожарно друштво „Архангел“ и локални жители.
Ж. ЗДРАВКОВСКА