МЕЃУ ШТИП, РАДОВИШ И КАРБИНЦИ ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ НАЈГОЛЕМИОТ ВЕТЕРЕН ПАРК НА БАЛКАНОТ, ИНВЕСТИЦИЈАТА Е ВРЕДНА 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    МЕЃУ ШТИП, РАДОВИШ И КАРБИНЦИ ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ НАЈГОЛЕМИОТ ВЕТЕРЕН ПАРК НА БАЛКАНОТ, ИНВЕСТИЦИЈАТА Е ВРЕДНА 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИПаркот годишно ќе произведува 400 мегавати електрична енергија, доволна за потребите на 100.000 домаќинства (Фото: СДК.МК)

    Најголемиот ветерен парк на Балканот почна да се гради меѓу општините Штип, Радовиш и Карбинци на површина од 330 хектари, претежно на територијата на Општина Штип, каде ќе се подигнат 53 ветереници, кои годишно ќе произведуваат 400 мегавати електрична енергија, доволна за потребите на 100.000 домаќинства.

    Инвеститор е компанијата „Алказар енерџи“, инфраструктурен фонд со седиште во Луксембург, фокусиран на проекти за обновливи извори на енергија. Инвестеицијата чини над 500 милиони долари и ќе овозможи отворање на повеќе од 600 работни места.

    Првпат ни се случува толку брзо да почнеме ваков значаен проект, затоа што досега ние сме ги поттикнувале државите, а сега раководството на оваа држава нѐ туркаше нас“, рече генералниот директор на инвеститорот Даниел Калдерон, кој за наредниот период најави нови инвестиции во Западен Балкан во износ од над 11 милијарди долари.

    Почетокот на изградбата на ветерниот парк беше во близина на штипското село Љуботен, а го означија Калдерон, премиерот Христијан Мицкоски и министериот за транспоорт и врски, Александар Николоски.

    Вториот ден по изборот на тогашната нова влада, заедно со Даниел и неговите соработници најавивме инвестиција во делот на обновлива енергија во вредност од половина милијарда долари, инвестиција која ќе биде драјвер и модел како треба во иднина да се движиме. Таков беше почетокот, а крајот на 2024 година беше историски за нас како држава бидејќи за првпат ја надминавме бројката од една милијарда евра директни странски инвестиции. Како Влада сме сериозно посветени на економијата, бидејќи силно веруваме дека имаме огромен потенцијал кој може да нѐ одведе со гигантски чекори напред и такви се првичните индикатори од оваа година”, изјави премиерот Мицкоски.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира