МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА МИСАЈЛОВСКИ Е ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВОЕН РОК, НО ВЕЛИ ДЕКА ЗАСЕГА ТОА НЕ Е ПРИМЕНЛИВО ОТИ СЕ ПОТРЕБНИ УСЛОВИ, ФИНАНСИИ И КАПАЦИТЕТИ

    МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА МИСАЈЛОВСКИ Е ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВОЕН РОК, НО ВЕЛИ ДЕКА ЗАСЕГА ТОА НЕ Е ПРИМЕНЛИВО ОТИ СЕ ПОТРЕБНИ УСЛОВИ, ФИНАНСИИ И КАПАЦИТЕТИДенес во велешката касарна, во Командата за обука и доктрина, заклетва дадоа 296 нови професионални војници, од кои 26 се девојки. (Фото: СДК.МК)

    Воведувањето на задолжителен воен рок за министерот за одбрана, Владо Мисајловски, е добар потег, но за тоа треба да се исполнат повеќе услови кои Македонија засега ги нема. Доколу армијата реши дека тоа е потребно, тој би застанал зад таквото барање, рече Мисајловски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес.

    „Јас лично го охрабрувам тој потег, воведување задолжително служење војска. Мислам дека младите луѓе треба да го поминат тоа. За тоа треба да се земат предвид повеќе параметри: финансиите и капацитетите. Со годините наназад многу касарни им беа дадени на општините и се пренаменија за други цели. Точно е дека многу земји го направија тоа, воведуваат нови обуки различни од минатото, некои со два, други со три месеци, трети со 75 дена. Тоа е добра тема за размислување, но во овој момент не е применливо. Во иднина, ако армијата и воените авторитети оценат дека е потребен тој исчекор, јас сум тука за да го реализирам тоа“, рече Мисајловски.

    Денес во велешката касарна, во Командата за обука и доктрина, заклетва дадоа 296 нови професионални војници, од кои 26 се девојки. Поради големиот интерес за професионални војници, министерот Мисајловски најави уште еден конкурс во текот на оваа година. Тој соопшти дека, заедно со Армијата, веќе е изработено решение за тоа како да се згрижат професионалните војници со над 45 години возраст и дека наскоро истото ќе биде објавено.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира