Новиот мултимедијален центар, што се изгради со средства на ЕУ на местото каде порано беше руинираната зграда на летното кино во во Штип, ќе го носи името на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, соопшти денеска градоначалникот на Штип Благој Бочварски.
Бочварски најави дека Советот на Општината на првата наредна седница и формално ќе ја верификува одлуката за името на мултимедијалниот центар, кој беше изграден со средства преку проектот за погранична соработка со Бугарија. Тој рече дека за Киро Глиговорв се планира и посебна спомен соба, во која ќе биде сместено негово творештво, пијаното и целата негова публикација.
T. ЈОВАНОВСКИ