НАЈЧЕСТА ОДБРАНА НА ОБВИНЕТИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ Е ДЕКА ГИ МЕСТАТ, ВЕЛИ АМЕРИКАНСКИОТ ОБВИНИТЕЛ ГИБСОН

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАЈЧЕСТА ОДБРАНА НА ОБВИНЕТИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ Е ДЕКА ГИ МЕСТАТ, ВЕЛИ АМЕРИКАНСКИОТ ОБВИНИТЕЛ ГИБСОН

    Американскиот федерален обвинител Ерик Гибсон вели дека и во САД кога јавните функционери ги гонат за кривични дела, нивна најчеста одбрана им е дека обвинителите тоа намерно им го прават ова и ги местат. Гибсон денеска им се обрати на студентите од правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа на денешното предавање  тема: „Искуството на САД со кривичното гонење на корупцијата“.

    „И јас, како обвинител во САД по овој случај, писмено бев обвинуван од обвинетиот дека го гониме од лични цели. Но ние работевме максимално и со полн интегритет и обвиненијата  против нас не поминаа. Еве овде кај вас, ако СЈО одлучи да гони некој функционер, тие, обвинителите што работат на вакви предмети, треба да бидат дебелокожци. Формиравте Специјалното јавно обвинителство со цел да се справува со случаи на организиран криминал и корупција, како независен орган, а тој модел ние веќе долго време го користиме. Кога јас го водев случајот против конгресменот Чака, бев дел од еден посебен оддел од Министерството за правда, имавме 30 обвинители кои работат само на случаи на корупција и ништо друго. Овој оддел беше воспоставен како резултат на „Вотергејт“ скандалот од седумдесетите години на администрацијата на Никсон. Еве сега, четириесет години подоцна успешно го обвинивме конгресменот Фатах, но беа потреби години да стекнеме искуства“ рече обвинителот Гибсон.

    Ерик Гибсон повеќе од 21 година работи како обвинител во Филаделфија, САД. Тој на студентите подетално им ја објасни постапката која тој и неговиот тим ја воделе против Чака Фатах видна личност од владеечката Демократска партија, конгресмен од Пенсилванија, кој воедно бил и двапати градоначалник на Филаделфија. По истрагата која траела повеќе од две години Гибсон и неговиот тим подигнале обвинение против Чака Фатах за пет кривични дела: поткуп, корупција, перење пари, склучување лажни договори а во декември се очекува пресудата на судот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира