НАРОДНИОТ ОБИЧАЈ ЧЕТР’СЕ ВО ШТИП ГОДИНАВА Е ПОСВЕТЕН НА 59-ТЕ ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

    НАРОДНИОТ ОБИЧАЈ ЧЕТР’СЕ ВО ШТИП ГОДИНАВА Е ПОСВЕТЕН НА 59-ТЕ ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИТрадиционалното искачување до врвот на Исарот ќе биде индивидуално и симболично. (Фото: СДК.МК)

    Традиционалниот музички хепенинг во чест на пролетта, што секоја годинава се одржува во летната бавча на Домот на културата во Штип, годинава нема да се одржи. Денеска ќе се одржи само народниот обичај Четр’се, посветен на верскиот празник „Свети  40 маченици“ што се одбележува на 22 март, а годинава ќе биде посветен на 59-те загинати во пожарот во кочанската дискотека.

    Во нивна чест ќе биде и традиционалната богослужба во црквата во подножјето на тврдината Исар, каде што традиционално се палат свеќи за 40-те маченици. Граѓаните  ќе може да им оддадат почит и на сите загинати во големата несреќа во Кочани, меѓу кои се и петмина штипјани.

    Искачувањето до врвот на Исарот ќе биде индивидуално и симболично.

    Народниот обичај Четр’се во 2013 беше ставен на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО како уникатен и вековен народен обичај.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира