НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА ВИ ГО ПРЕВРТАТ СВЕТОТ, КАЖА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА ПРАВЕЈЌИ СТОЈ НА ГЛАВА ВО НОВАТА УЧИЛИШНА САЛА

    НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА ВИ ГО ПРЕВРТАТ СВЕТОТ, КАЖА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА ПРАВЕЈЌИ СТОЈ НА ГЛАВА ВО НОВАТА УЧИЛИШНА САЛАБитолската градоначалничка Наташа Петровска направи стој на глава во новата училишна спортска сала што денес беше пуштена во употреба во Основното училиште „Трифун Пановски“. (Фото: СДК.МК)

    За сите оние кои сакаат да ви го превртат светот има еден лек, гледајте ги работите од друга перспектива, останете свои, не дозволувате да ви го сторат тоа, кажа битолската градоначалничка Наташа Петровска во пораката до младите, симболично правејќи стој на глава во новата училишна спортска сала што денес беше пуштена во употреба во Основното училиште „Трифун Пановски“.

    Во салата не беа направени поголеми реконструктивни зафати цели 63 години, а сега се реновира со пари од Општина Битола.

    „Завршивме во реконструктивните зафати во салата Во неа вложивме 1,5 милион денари, станува збор за сала која од 1956 година била оставена само на забот на времето. 300 ученици ќе имаат можност да изведуваат настава по физичко воспитување. Ова е начинот на кој можеме да градиме здраво тело и здрав дух, пред сѐ, со создавање услови за спортски активности“, рече Петровска.

    Директорот на училиштето Пеце Димовски рече дека најголемиот дел од спортските активности по предметот физичко воспитување до сега се изведувале на отворено, во училишниот двор, иако по програмата предвидени се и активности во сала. Додаде дека со салата ќе имаат можност за поголеми успеси во спортот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира