Дваесетина дена не работат семафорите во Велес, лоцирани на крстосницата кај бензинската на „Макпетрол“ и ЕВН. Иако претходно имаше периоди кога само трепкаа, сега се сосем исклучени.
Времето ја прегазило технологијата која ја користат и таа не може да биде заменета, потребни се средства за набавка на нови, велат од локалната власт.
„Постојните семафори се поставени пред 20-тина години. Стара техника користена во ново време. Технологијата која се користи одамна е надмината и нема замена за деловите кои се расипани. Тука помош нема. На седница на Совет ќе предложам да се издвојат средства за набавка на нови, со што ќе се реши проблемот“, вели градоначалникот Марко Колев.
Иако семафорите не работат, досега тоа не се чувстува во сообраќајот на крстосницата и нема сообраќајки.
П. ПЕЧКОВ