НЕМА СУБВЕНЦИИ ОТИ НЕМА ВЛАДА, СЕ ПРАВДА МИНИСТЕРОТ ЦВЕТКОВ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕМА СУБВЕНЦИИ ОТИ НЕМА ВЛАДА, СЕ ПРАВДА МИНИСТЕРОТ ЦВЕТКОВ

    Министерот за земјоделие Михаил Цветков се правдаше пред фармерите од струмичко дека исплатата на субвенциите, бидејќи нема формирано нова влада. Тој вели дека Законот за избори не дозволува исплата на средства од програмата за поддршка на земјоделството.

    „Колку што се пролонгира формирањето нова Влада, толку повеќе ќе доцни исплатата на субвенциите на земјоделците за минатата година. Законот за избори е ригорозен и не дозволува исплата на средства од програмата за подршка на земјоделството“, им објаснуваше министерот за земјоделство на фармерите, кои се интересираа кога може да ги добијат неисплатените субвенции од минатата година, бидејќи нема ниту Собрание ниту Влада, а од изборите поминаа повеке од два месеци.

    Цветков рече дека ќе поднесат предлог измени на Законот за избори, кој преставува пречка за исплата на субвенциите бидејки на прагот се и нови – локални избори, кои според сегашната регулатива повторно ќе ја одложат исплатата. Според него, тие измени можеле веднаш да бидат донесени и тоа на самото конституирање на новото Собрание, со што ќе се одблокира исплатата.

    „Утре на владина седница ќе доставам измени во законот за избори за да се одблокира исплатата на субвенциите кој треба да бидат усвоени од новиот парламентарен состав. Предлогот наш е место 40 дена пред избори, па се до формирање на нова власт, субвенции да не се исплаќаат 20 дена пред избори. Но, клучот е сега кај новото Собрание кое треба да се конституира бидејќи доаѓаат локални избори“, кажа Цветков, кој имаше средба со фармерите од струмичко за утврдување на правилата на договорено производство

    Од Синдикатот на земјоделски производители велат дека Владата имала можност да ги исплати субвенциите за минатата година ако сакала. Датумот за избори бил фиксиран многу однапред, а законот за земјоделство и рурален развој сугерира исплата до 31 декември во тековната година
    „Голем дел од субвенциите не се исплатени за минатата година. На земјоделците сега им се најпотребни бидејќи треба да ја отпочнат новата сезона. Во законот за земјоделство и рурален развој стои дека до крајот на тековната година треба да се исплати подршката со исклучок на оние фармери кои добиваат субвенции за предадено количество за кои краен рок за исплата е 30 јуни период кога има и локални избори. Владата тоа го знаше“, вели Ристо Велков од Синдикатот.

    Според последните податоци речиси две третини од предвидената сума за поддршка на земјоделството за 2016 година не се исплатени. Првично беа планирани околу 103 милиони евра субвенции, но со ребалансот на Буџетот за минатата година, се намалија на 90 од кои според Платежната агенција исплатени се околу 35 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира