НЕВРАБОТЕНОСТА Е НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ НА САМОХРАНИТЕ МАЈКИ ВО БИТОЛСКО

    НЕВРАБОТЕНОСТА Е НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ НА САМОХРАНИТЕ МАЈКИ ВО БИТОЛСКОДури 90 проценти од анкетираните самохрани мајки одговориле дека за нив најголем проблем е невработеноста, а само 10 проценти општеството; - членки на Организација на жени од Битола го презентираа истражувањето (Фото: СДК.МК)

    Најголем проблем со кој се соочуваат самохраните мајки во Битолскиот Регион е невработеноста, покажа анкетата на Организацијата на жени од Битола со која беа опфатени 400 самохрани родители. На прашањето кој е според Вас, најголемиот проблем на самохраните мајки, дури 90 проценти одговориле дека тоа е невработеноста, а само 10 проценти општеството. Од анкетираните жени половината биле вработени, останатите не, а некои само повремено.

    Напоредно со оваа анкета, Организацијата на жени од Битола спроведе и втора со која беа опфатени уште 400 други лица, а која се однесуваше на тоа како средината ја перцепира самохраната мајка. И половина од овие испитаници одговориле дека општествениот систем треба да води поголема грижа за вработувањето на овие жени.

    „Истражувањето како најголем проблем ја исфрли невработеноста, тоа кажува дека самохраните родители сѐ уште се на маргините на општеството.  Кога немаш финансиски средства не можеш да го подигаш детето, а финансиските трошоци се големи. Недостига економската независност на жената за да може и за себе и за децата да гради подобар живот“, рече Светлана Папачек од Организација на жени од Битола.

    Понатаму, 72 отсто од самохраните родители одговориле дека сами се снаоѓаат за да го наполнат семејниот буџет.  32 отсто децата ги носат во градинка, уште толку по роднини на чување, а 15 отсто одговориле дека нивните деца сами се гледаат.

    Инаку, половина од 400 самохрани родители истакнале дека се задоволни од функционирањето на Центарот за социјални работи, а од МВР само 21 процент.

    Истражувањето беше спорведено во рамки на проектот „Реалноста на самохраните мајки во Оопштина Битола“, финансиски поддржан од ЕУ и Граѓанската асоцијација „Мост“.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира