Гранскиот независен синдикат на полицијата од Штип го започна својот протестен караван низ Македонија. Наредните саботи караванот ќе помине низ сите поголеми градови во Македонија. Двата наредни протеста ќе бидат во Струмица и Куманово, а потоа ќе се посетат Тетово, Кичево, Охрид и Битола. Караванот ќе заврши со протест во Скопје.
„Бараме поголеми плати на полицајците. Платите во голем број фирми се над 50.000 денари, а полицајците имаат 25.000 до 30.000 денари. За поголемо достоинство и за заштита на полицaјците од зачестените напади бараме досегашните казни од најмногу три години затвор да се зголемат на најмалку пет години. Затоа бараме да се изменат Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, како и колективниот договор за да имаме полиција која ќе доликува на полицијата од нашето окружување и ЕУ“, вели претседателот на полицискиот независен синдикат Гоце Делчев Тодев.
Т. ЈОВАНОВСКИ