Скопскиот градоначалник Петре Шилегов преку Фејсбук информираше дека ноќеска имало нов обид за демолирање на зелениот покрив на ГТЦ. Според снимките од безбедносните камери што ги објави Шилегов, станува збор за пет лица, за кои тој кажа дека се приведени.
„Во текот на вчерашниот ден го најавив завршувањето на зелениот кров на ГТЦ и види чудо, одеднаш, некои ’чудни сили‘ решиле ноќеска да направат обид за негово демолирање. Сторителите се фатени на дело, приведени и предадени во полиција“, вели Шилегов.
- 5.000 ЕВРА Е ШТЕТАТА ОД ДЕМОЛИРАЊЕТО НА ЗЕЛЕНИОТ ПОКРИВ НА ГТЦ, ГРАДИНАТА ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ЗА 2 МЕСЕЦА
На крајот на август, газда на хотел кој се наоѓа во трговскиот центар кршеше и уништуваше инсталации на покривот и притоа направи штета од 5.000 евра.