Кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ Саша Богдановиќ во првата изјава по објавувањето на неофицијалните резултати вети дека ќе стави мораториум на сите градби во централното подрачје на главниот град.
На прославата пред општинската организација на СДСМ што е веднаш спроти белата палата на ВМРО-ДПМНЕ тој изјави дека го очекувал овој резултат.
„Среќен сум што многу граѓани меѓу кои не само наши симпатизери туку и од ВМРО-ДПМНЕ и други граѓани дадоа поддршка за живот во Македонија. Ќе ставиме мораториум на сите градби, ќе ставиме крај на урбаната мафија ќе ги ослободиме тротоарите“, изјави Богдановиќ пред насобраните симпатизери.
Според уште непотврдени резултати можно е СДСМ во општина Центар да има освоено 16 советнички места.
Е. БОЧВАРОСКА