НУЛА ДЕНАРИ КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ДЕЛОВНИТЕ ОБЈЕКТИ ВО БИТОЛА

    НУЛА ДЕНАРИ КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ДЕЛОВНИТЕ ОБЈЕКТИ ВО БИТОЛАПо завршувањето на вонредната состојба, цената на комуналната такса до 15 ноември ќе биде пет денари (Фото: СДК.МК)

    Корисниците на деловни објекти во Битола ќе бидат ослободени од комуналната такса за трите месеци додека траеше вонредната состојба, а понатаму, до 15 ноември, таа ќе изнесува пет денари.

    Вака одлучи Советот на Општина Битола откако Владата вчера ја прифати иницијативата на градоначалничката Наташа Петровска и донесе одлука со која се овозможи намалување на комуналната такса за корисниците на деловните простории. Ова, всушност, беше една од мерките за економска помош на правните субјекти во Битола што ги предложи Петровска.

    „По завршувањето на вонредната состојба, па сѐ до 15 ноември, цената на комунална такса ќе биде пет денари, откако досега беше 15 денари. Иако некои дуќани не работеа два месеца поради коронакризата, ослободувањата важат и за нив, зашто дел од нив беа обврзани со такса од 15 денари“, рече Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира