Нуркачи од Центарот за нуркање Акватек од Охрид снимија подводни фотографии на полжави и школки кои живеат во Охридското Езеро. Нуркачите велат дека долго време се мислеше оти охридската слатководна школка исчезна пред околу четири децении поради загадување на езерска вода. Во тие времиња, на секоја плажа која имаше тиња и капачите редовно нагазуваа на школки. Потоа, неколку децении школките ги немаше.
„Во водите на Охридското Езеро вирее чудесен подводен свет. Во тоа постојано се уверувам речиси при секое нуркање. При едно нуркање се изненадивме кога видовме една колонија на полжави и школки, а во нивна близина јајца од кои се развиваат ларви. Не бевме свесни дека наидовме на ретка глетка, која е сон на секој нуркач, покрај другите возбудувања што го дава нуркањето“, вели охридскиот нуркач Никола Паскали, по професија археолог во Завод и Музеј во Охрид.
Д. ЧУБРИЌ