ОБЈАВЕН ОГЛАСОТ ЗА ПРИВРЕМЕНО АНГАЖИРАЊЕ НА 30 ПОЖAРНИКАРИ ВО КУМАНОВО

    ОБЈАВЕН ОГЛАСОТ ЗА ПРИВРЕМЕНО АНГАЖИРАЊЕ НА 30 ПОЖAРНИКАРИ ВО КУМАНОВОВладата пред неколку дена најави дека ќе се вработат 400 пожарникари, за справување со пожарите во летниот период. (архивска фотографија)

    Општина Куманово денеска го објави огласот за работно ангажирање на 30 невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво – пошумување.

    „Се повикуваат сите невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија на (АВРСМ), да се вклучат во мерката 6.2 – јавни работи за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), заради зголемување на вработливоста преку работно ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво – пошумување, да се пријават во Агенцијата за вработување Куманово“, стои во повикот објавен на сајтот на Општина Куманово

    Работниот ангажман ќе трае најмногу 5 месеци, за месечен надоместок од 24.000 денари, со вклучено осигурување за инвалидитет и телесно оштетување при повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход. Средствата се обезбедени од Буџетот на АВРСМ.

    За учество на мерката лицата треба да се активни баратели на работа, да се здрави и психофизички способни, да не боледуваат од кардиоваскуларни и белодробни заболувања, епилепсија и дијабет. Да се на возраст до 55 години.Изборот на кандидатите ќе го направи Општината во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Противпожарниот сојуз на Македонија (ПСМ). Избраните кандидати ќе поминат обука која ќе ја организира ПСМ за користење на противпожарна опрема и вештини за справување и превенција од пожари. Само кандидатите кои успешно ќе ја поминат обуката ќе добијат потврда за работа. Пожарникарите ќе бидат ангажирани согласно потребите на ДЗС.

    Огласот е отворен до 17 јули, а пријавите ќе се поднесуваат во Центарот за вработување во Куманово.

    Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово ја покрива и општината Липково, а помага и во Старо Нагоричане, покрива голема територија со недоволен технички и човечки потенцијал.

    Владата пред неколку дена најави дека ќе се вработат 400 пожарникари, за справување со пожарите во летниот период.

    Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов тогаш ги повика младите кои се физички премни да се пријават на огласот.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира